Мицевски официјално промовиран во летонска Рига ФС

Летонскиот вицешампион Рига ФС и официјално го промовираше досегашниот вардаров капитен Дарко Мицевски.

Рига е шести интернационален предизвик за Мицевски кој претходно има настапи и за Слобода Ужице, ОФК Београд, Нови Пазар (Србија), Минск (Белорусија) и Ал Нејмех (Либан).

Дарко Мицевски е петти фудбалер од Вардар кој е со нов клуб, откако Чарлестон замина во Македонија ЃП, Марко Мартинага ја засили Академија Пандев, Матеј Цветановски замина во чаирски Шкупи, а Андреј Стојчевски во Академија Пандев.

Се вчитува...