Мицевски потпишува за летонска Рига ФС

Македонскиот репрезентативец Дарко Мицевски својата кариера ќе ја продолжи во редовите на летонскиот вицешампион Рига ФС.

Иако, беше најавено дека ќе потпише за Борац Бања Лука во БиХ, довчерашниот фудбалер на Вардар, сепак, Мицевски ќе се придружи на Јован Попзлатанов кој неодамна потпиша за истиот клуб.

Минатата сезона Рига ФС заврши на втората позиција во Летонија, обезбедувајќи оваа година настап на во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...