Младата ѕвезда на Борусија му „помогна“ на голманот Кобел за пеналот на Сити

Борусија Дортмунд вчера одигра 0-0 со Манчестер Сити и си обезбеди место во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Матс Хумелс беше прогласен за играч на натпреварот, но се одлучуваше меѓу него и голманот Грегор Кобел кој му одбрани пенал на Ријад Махрез во вториот дел.

Меѓутоа швајцарскиот голман на голот на „милионерите“ имаше голема помош од младата ѕвезда Јусуфа Мукоко, кој му покажа каде ќе шутира Махрез. Мукоко има 17 години, и му гестикулираше на голманот, по што Кобел ја избра вистинската страна и му го одбрани ударот од 11 метри, така чувајќи ја мрежата.

А, токму Мукоко во првиот дел имаше добри две шанси да постигне гол и така да донесе можеби и победа за својот тим. Но, и ова реми е на радост на навивачите на „милионерите“ кои одат во следната фаза.

Се вчитува...