Младеновиќ: Важна победа против Феникс за враќање на самодовербата по поразот од МЗТ

Пелистер им се врати на победите во Суперлигата откако на отварањето на 6. коло славеше на домашен терен со 100-58 против Феникс 2010. ‘Зелено-белите’ уште на отворањето на натпреварот стекнаа висока предност благодарение на добрата одбрана и високата реализација, а истата ја задржаа до крајот на мечот.

Бекот на „пелистерци“, Марјан Младеновиќ вели дека оваа победа е многу важна за враќање на самодовербата по поразот од МЗТ Скопје.

„Откако го загубивме натпреварот против МЗТ Скопје Аеродром, овој натпревар и победа се добредојдени за враќање на самодовербата. Се надевам дека следните три средби ќе бидат позитивни, не смееме да кикснеме и да останеме на првото место до крај. Распоредот е згуснат, се игра секој трет ден натпревар, екипите се изедначени, а ние и МЗТ Скопје Аеродром ќе се бориме до самиот крај за првото место“, изјави Младеновиќ. 

Се вчитува...