Младинскиот репрезентативец Ферати пред трансфер во Хелсинки

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бесник Ферати е пред трансфер во финскиот прволигаш Хелсинки.

По завршувањето на соработката со Партизани Тирана, 20-годишниот Ферати има понуди за продолжување на кариерата од неколку македонски прволигаши, но и и клубови од Албанија. Сепак, веќе е пред реализација на преселба во Финска, во редовите на Хелсинки.

Ферати потекнува од фудбалската школа на Шкупи, минувајќи ги притоа сите репрезентативни категории на Македонија.

Се вчитува...