Ракометната репрезентација на Франција го освои третото место на Светското првенство во Алжир за селекции до 21 година. „Триколорите“ во малото финале ја совладаа Германија со 23-22.
Германците наметнаа своја игра во првото полувреме и на одмор заминаа со два гола предност (10-12). Меѓутоа, Франција одлично го почна вториот дел, создаде предност и од четири погодоци, па до крајот успеа да ја одржи, иако Германците се заканија во самата завршница. Го имаа последниот напад за да дојдат до израмнување и продолженија, но не успеаја, па бронзата оди на градите на Французите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА