Младост Прилеп најсериозен кандидат за титулата

Младост од Прилеп безмилосно ги победува своите ривали, три одиграни кола и три победи со скор 12-0, доволно зборува дека се најсериозни кандидати за шампионската титула. Вардар без државниот првак Станојковски го претрпеа и вториот пораз.
За најсериозен противник на Младост за врвот на табелата според досега виденото се наметнува градскиот ривал Младост 96. Со стартни две победи се и штипските Шампион ФА, за кои успешно настапува младиот Дамјан Стојчев. Останатите екипи според резултатите како да не претставуваат закана за водечката тројка. Непријатна е веста дека тимот на УГД се откажува од првенството, со што Супер лигата ќе брои 7 клубови.
Во Првата лига вториот тим на Телеком НЕЦ, супериорен после првите три кола, со три победи, меѓу кои и онаа против можеби директниот конкурент за врвот на прволигашката табела екипата на Крива Паланка 2007. Повратникот во лигата битолски Мултитекс после почетниот пораз забележа две победи против Борец ТИМ од Велес, и против Дебар Маало во супер интересен и до последниот сет неизвесен натпревар. Победата во овој натпревар на битолчани им ја донесе ветеранот Ангелевски кој со 11-9 славеше во решавачкиот сет во последната партија од натпреварот. Како значаен момент во Првата лига може да се издвојат и двете победи на Струга.
Табела Супер Лига
Место ЕКИПА Вкупно Победи Бодови
1 Младост 3 3 6
2 Младост_96 2 2 4
3 Шампион_ФА 2 2 4
4 Работнички 3 1 4
5 Телеком_НЕЦ 3 1 4
6 Радовиш 3 0 3
7 Вардар 2 0 2
Резултати Супер Лига
II КОЛО Телеком_НЕЦ Младост 0 : 4
Работнички Вардар 4 : 1
Шампион_ФА :
Радовиш Младост_96 1 : 4
III КОЛО Младост_96 Телеком_НЕЦ 4 : 0
Шампион_ФА Радовиш 4 : 1
Вардар :
Младост Работнички 4 : 0
Табела Прва Лига
Место ЕКИПА Вкупно Победи Бодови
1 Телеком НЕЦ 2 3 3 6
2 Крива Паланка 2007 3 2 5
3 Мултитекс 3 2 5
4 Струга 3 2 4
5 Борец ТИМ 3 1 4
6 Кочани 3 1 4
7 Пошта 2 3 1 4
8 Дебар Маало 3 0 3
Резултати Прва Лига

 

II КОЛО Пошта 2 Крива Паланка 2007 0 : 4
Телеком НЕЦ 2 Кочани 4 : 1
Борец ТИМ Мултитекс 2 : 4
Дебар Маало Струга 1 : 4
III КОЛО Струга Пошта 2 4 : 1
Мултитекс Дебар Маало 4 : 3
Кочани Борец ТИМ 4 : 1
Крива Паланка 2007 Телеком НЕЦ 2 2 : 4

 

Поради интернационалниот турнир кој ќе се одржи во ВИП арената Борис Трајковски во Скопје од 8 до 12 октомври, кој воедно претставува најзначајното пинг понгарско натпреварување во нашата држава кое досега е организирано, првенството продолжува на 20 oктомври. Екипите во двете најсилни лиги третиот турнир ќе го одиграат во Прилеп.

Се вчитува...