Закана од МЛБ: Бидете сериозни или ќе ја прекинеме сезоната

Раководството на МЛБ и порача на асоцијацијата на играчи дека мора серизоно да ги сфатат безбедностните протоколи кои се воведени поради пандемијата од коронавирусот или сезоната ќе биде прекината, пренесуваат американските медиуми.

Комесарот на Лигата ја соопшти оваа вест откако натпреварот меѓу Милвоки Бруерс и Сент Луис Кардиналс беше одложен поради два позитивни случаи меѓу играчите на Кардиналс. Сезоната би можеле да биде прекината уште во понеделник ако се потврдат уште позитивни случаи, а тоа би значело дека играчите ќе останат без парите кои им се загарантирани за сезонава.

 

Се вчитува...