Монако го „прескокна“ и Нант (ВИДЕО)

Монако триумфираше на гостувањето кај Нант со 1-2 во последниот натпревар од 22. коло во Лига 1. Гостите поведоа со голот на Марипан во 45. минута, а на 0-2 зголеми Фоланд во 60. До крајот на мечот прво Палоа доби црвен картон во редовите на Нант, а до крајот на мечот домаќините со играч помалку успеаја само да постигнат почесене погодок преку Емонд во 84. минута.

Монако е на 4. место на табелата со 42 бода, додека Нант 17. со само 18 освоени бода.

 

 

Се вчитува...