Moнако ја прегази Барселона во Евролигата

Кошаркарите на Монако стигнаа до изненадувачки убедлив триумф на домашен терен против Барселона од 91-71 во последниот натпревар од 19. коло во елитното европско натпреварување Евролигата.

Домаќините неверојатно го стартуваа мечот и по првата четвртина веќе имаа двоцифрена предност 27-15. До полувремето успеаја да ја задржат големата предност и на пауза да заминат со позитива од 47-36. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 91-71. Мајк Џејмс со 20 поени беше прво име кај победникот додека кај поразените Паркер постигна 15 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...