Монако за малку од готово-вересија против Монпелје (ВИДЕО)

Монако славеше на гостувањето кај Монпелје со 2-3 во премиерниот натпревар од 20. коло во француската Лига 1. Гостите за малку ќе направеа од готово-вересија бидејќи имаа предност од 0-3 се до 64. минута. Фоланд во 24. донесе водство од 0-1, додека единаесет минути подоцна Бен Једер зголеми на 0-2. Истиот фудбалер во 61. од пенал донесе водство за гостите од 0-3, по што следеше големо опуштање кое можеше многу да ги чини.

Прво Вахи во 64. намали на 1-3, додека само пет минути подоцна веќе беше 2-3 со голот на Делорт. До крајот „кнезевите“ некако успеја да се одбраната и да стигнат до нови три бода со кои избија на 4. позиција на табелата со 36 бода. Монпелје останува 8. со 28 поени.

 

 

 

Се вчитува...