Мурињо даде „амин“: Деле Али пред потпис со ПСЖ

Деле Али е на добар пат да си замине од Тотенхем и кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ откако Жозе Мурињо даде зелено светло за англискиот репрезентативец да ги смени клупските бои во текот на јануарскиот преоден рок. Францускиот првак е во потрага по засилување за средниот ред, Деле Али делува како идеална опција и преговорите би можеле да завршат до крајот на месецов, за талентираниот плејмејкер уште од самиот почеток на јануари да се пресели во Париз.

Мурињо го отпиша Деле Али од самиот старт на сезоната, повлекувајќи го од игра по само едно полувреме при поразот од Евертон во првото коло. Оттогаш Али влезе во игра само на еден меч во Премиер-лигата, при водство од 1-6 на гостувањето против Манчестер Јунајтед. Тој најчесто игра на средбите од Лигата на Европа, но самиот инсистира на трансфер за да си ги зголеми шансите за настап на ЕВРО 2021.

ПСЖ и во текот на летото го бараше Деле Али, но тогаш „спарси“ не сакаа ни да чујат за позајмица. Сега ситуацијата е поинаква, самиот Мурињо се вмешал во разговорите и дал зелено светло, се со цел да нема во тим незадоволен играч кој би можел да му ја наруши атмосферата во клучниот дел од сезоната. „Светците“ се подготвени да платат 10 милиони евра за позајмица на шест месеци, сума што „спарси“ би ја прифатиле и потоа на крајот од сезонава повторно би преговарале за перманентен трансфер на овој фудбалер.

Се вчитува...