Мурињо го „пецна“ Пеп: Паузата е знак на слабост!

Жозе Мурињо уште еднаш покажа колку неговиот тренерски пристап се разликува од оној на неговиот голем ривал Пеп Гвардиола.

Пред објавувањето на документарната серија „Мурињо“, Португалецот зборуваше за можноста тренерот да земе подолга пауза од фудбалот и јасно стави до знаење дека таков потег никогаш не бил за него.

Пораката на Мурињо беше протолкувана како упатена кон неговиот долгогодишен ривал, кој во текот на својата кариера веќе имал пауза од тренерската работа.

„На некои луѓе им е потребна пауза. Јас ја мразам, го мразам тој збор. За мене, таквата пауза е знак на слабост. Не ми зборувајте за тоа“, изјави Мурињо.

Се вчитува...