Мурињо го сака Влаховиќ во Реал Мадрид

Реал Мадрид одлучи да направи голема реконструкција на својот тим откако не успеа да освои ниту еден трофеј во последните две сезони. Жозе Мурињо е доведен за тренер, а веќе се потпишани четири играчи.

Одбраната ќе биде сосема нова. Пристигнаа Дензел Дамфрис, Марк Кукурела и Ибрахима Конате, додека средниот ред е посилен благодарение на феноменалниот Бернардо Силва.

Ќе има уште засилувања. Во наредниот период се очекува доаѓање на класичен напаѓач, а дресот на кралскиот клуб ќе го носат Душан Влаховиќ или Ник Волтемаде.

Медиумите во Шпанија наведуваат дека прв избор на Португалецот е Душан Влаховиќ, а второ име во неговите планови е голгетерот на Њукасл и на германската репрезентација Ник Волтемаде. Во преден план, Србинот е поатрактивен бидејќи е слободен играч и може да пристигне без никаква отштета, додека Волтемаде би чинел над 50 милиони евра, сума што „кралевите“ не би сакале да ја платат летово на играч што не важи за голема „ѕвезда“ во светскиот фудбал.

Се вчитува...