Европското првенство продолжува денеска со два четвртфинални натпревари по кои ќе бидат познати и првите репрезентации кои ќе го осигураат своето место помеѓу четирите најдобри фудбалски селекции на „стариот континент“.
Во пресрет на четвртфиналните средби анализа за англиските медиуми правеше Жозе Мурињо, а тренерот на Рома имаше интересен одговор за победникот во натпреварот помеѓу Белгија и Италија.
„Англија веројатно ќе оди во полуфинале, а би кажал и дека Данска ќе ја совлада Чешка. Белгија – Италија? Тоа е голем проблем, ако не кажам Италија, ќе ме убијат кога ќе стигнам во Рим, затоа мора да кажам дека ќе победи Италија. Мислам дека Шпанија ќе ја совлада Швајцарија, нема да игра Џака, но и тоа ќе биде голем натпревар“, вели Мурињо.
Во првиот меч денеска силите ќе си ги одмерат Швајцарија и Шпанија со почеток од 18 часот, додека од 21 часот ќе настапат Белгија и Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА