Мурињо: Кога ќе ти дадат гол за 15 секунди…

Манчестер јунајтед го загуби дерби – дуелот против Тотенхем (0-2) на „Вембли“, по што и дефинитивно може да се откаже од трката за шампионската титула. Градскиот ривал Манчестер сити има дури 15 бода предност на врвот на табелата во Премиер – лигата, а менаџерот Жозе Мурињо сега се фокусира на борбата за пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем, кој во моментот е петтопласиран, се доближи на само пет бода од „црвените ѓаволи“.

„Кога ќе играш важен натпревар, не смееш воопшто да дозволиш да се затресе твојата мрежа. А ние тоа го дозволивме наивно по само 15 секунди од стартот на мечот. Посебно е разочарувачки ако се знае дека долго сме се подготвувале тактички, сме ги разработеле сите нивни добри страни, и тие повторно успеале да ве пробијат на истиот начин. Моите фудбалери знаеја дека ќе играат со долги топки на Хари Кејн, и повторно беа многу наивни. Прва грешка, не ја остранивме топката во првиот обид. Втора грешка, не го добивме воздушниот дуел. Трета грешка, не ја земавме топката и од втор обид откако падна на земјата. Тоа е недозволиво, и затоа загубивме“, изјави Жозе Мурињо.

Се вчитува...