Ѕвездата на ПСЖ, Анхел ди Марија би можел да се врати во Англија, откако за неговиот потпис сериозно се заинтересира Тотенхем, пренесуваат француските медиуми. Договорот на Аргентинецот истекува на крајот на сезоната, а во моментот нема најави дека 32-годишникот ќе го продолжи договорот со тимот од Париз.
Тоа ќе биде прилика за крилниот играч да докаже дека крахот во Манчестер Јунајтед, во сезоната 2014/15 беше само лоша епизода, кога на 27 настапи за „црвените ѓаволи“ постигна само 3 погодоци.
Во Тотенхем не се задоволни од настапите на Герет Бејл, па на неговото место сакаат да го видат трофејниот фудбалер. Ди Марија во моментот заработува повеќе од еден милион месечно, а тоа може да претставува проблем за клубот од Лондон со оглед на тоа што поради финансиската криза предизвикана од коронавирусот, тимот значително ги намали платите на играчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА