Мурињо уште во јуни имал контакти со Винисиус и го терал да остане

Уште пред и официјално да ја преземе тренерската палка во Реал Мадрид, додека траело Светското првенство, тренерот на „кралевите“ Жозе Мурињо имал контакти со крилниот напаѓач Винисиус Жуниор, и го терал да остане.

Сагата околу иднината на Бразилецот заврши пред неколку дена, со потпис на нов договор, но многу се шпекулираше на негово заминување во Арсенал, пред последната година од истекот на договорот.

Сега шпански извори тврдат дека Мурињо контактирал со Винисиус и му кажувал дека околу него ќе ја гради иднината на Реал, што било едно од клучните фактори за останување на Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој потпиша договор со Реал Мадрид со кој се обврза да остане и во следните шест години, односно до 2032 година.

Се вчитува...