Мусиала го спаси Баерн, „милионерите“ едвај до бод во Бохум

Баерн Минхен многу потешко од очекувањата го скрши отпорот на Мајнц, триумфирајќи со 2-1 со резултатски пресврт во второто полувреме.  Баварскиот гигант се најде во негатива од еден гол на полувреме, во вториот дел Коман израмни на 1-1, пред Мусиала со прецизен удар од работ на шеснаесетникот да го комплетира пресвртот.

Борусија Дортмунд има за што да жали откако „милионерите“ одиграа само 1-1 на гостувањето против Бохум на кое важеа за големи фаворити. Белингам и Халанд промашија одлични шанси во првото полувреме по што казната стигна кога домаќините поведоа преку Потер во 40. минута. Доминацијата на Борусија продолжи и во второто полувреме, но гостите од Дортмунд успеаја да стигнат само до бод, со погодокот што во 85. минута го постигна „резервистот“ Брант на асистенција на Халанд.

Тедеско имаше успешно деби на клупата на Лајпциг откако овој тим го демолираше составот на Борусија Менхенгладбах со 4-1. Гвардиол и Андре Силва донесоа брзо водство од 2-0, гостите пред крајот на мечот намалија на 2-1, за Лајпциг да постигне уште два погодоци во судиското продолжение, преку Нкунку во 91. и преку Хенрикс во 94. минута.

Резултати Германија:

Баерн М. – Мајнц 2-1, Бохум – Борусија Д. 1-1, Лајпциг – Борусија М. 4-1, Херта – Арминија 1-0, Фрајбург – Хофенхајм 1-2.

Се вчитува...