МЗТ без апсолутно никакви проблеми со +23 го декласираше Гостивар

Кошаркарите на МЗТ Скопје без апсолутно никакви проблеми славеше убедлива победа од 78-55 против Гостивар во 26. коло од Првата кошаркарска лига.

„Металците“ од самиот почеток на натпреварот јасно ставија до знаење дека нема да дозволат никакво изненадување, па уште првата четвртина ја добија со 22-13 за понатамошно рутински одржување и зголемување на предноста.

На полувремето веќе беше +14 поени за МЗТ (38-24), а во вториот дел со еднаква игра се дојде до конечната победа од +23 поени разлика.

Најефикасни во победничкиот тим со двоцифрен ефект беа Ајви (14 поени), Војдан Стојановски (13), Рикиќ (11) и Дамјан Стојановски (10), додека кај Гостивар се издвоија Ефремовски со 13 поени и Рансом со 12 запишани поени.

По оваа победа, МЗТ Скопје сега е на само бод од лидерот Пелистер.

 

Се вчитува...