„Одиме по титула нова“: МЗТ победува, и тоа со стил (Фотогалерија)

МЗТ Скопје во третиот обид стигна до првата победа на домашната сцена над Пелистер, и тоа во голем стил декласирајќи го битолскиот состав.

Фактот дека овој меч беше борба за првото место на табелата беше само мотив плус за тренерот Петровиќ и неговите избраници, да одиграат на највисоко ниво, да доминираат на двете страни од теренот и да покажат дека се решени по влезот во АБА1, да ја одбранат титулата на македонската кошаркарска сцена. Навивачите со право беа задоволни, па од трибината на „Фемили Аеродром“ можеше да се чуе песната „Одиме по титула нова“, како јасна порака за очекувањата до крајот на сезонава.

Кај Пелистер беше очигледен проблемот поради лимитираниот ефект на Кесар, во борбата под обрачите тренерот Илиевски го немаше ниту Американецот Хатон, па Младеновски и Ѓуроски не можеа да се носат во рекетот со „џиновите“ на аеродромци.

Едно е јасно, Пелистер нема да се предаде од трката за титулата, но битолчани ќе мора да извлечат што повеќе поуки, за во последното коло на домашен терен да се обидат да го возвратат ударот.

Се вчитува...