На Баерн Минхен му „прекипе“: Го стави Коман на трансфер листа

Тимот на Баерн Минхен, нема намера да ја повтори истата грешка од минатото, и да ги пушта без пари оние играчи кому им завршуваат договорите, како што беше случај со Давид Алаба.

Алаба долго време не сакаше да го продолжи договорот, за на крајот да се пресели во Реал Мадрид. Иста е сега ситуацијата со Кингсли Коман, но „Баварците“ реагираа порано.

Така денеска е соопштено дека Коман е ставен на трансфер листа, откако пропаднаа и последните преговори за негово продолжување на соработката. Така „Баварците“ најавија дека нема повеќе да толерираат вакво однесување, и дека Коман уште на зима може да си оди.

Иако договорот со Коман истекува дури во 2023 година, сепак, Баерн порано ги превзема конците во своите раце. Коман бараше годишна плата од 16 милиони евра, нешто кое германскиот шампион не е подготвен да му го овозможи, а не е познато колку пари ќе бара за негов трансфер во друг клуб.

Се вчитува...