На помалите турнири им пречи новиот термин на Ролан Гарос

Поместувањето на Ролан Гарос за во септември предизвика негодувања кај организаторите на турнирите кои требаше да се одржат во тој период. Од Париз во вторникот стигнаа вести дека францускиот грен-слем нема да се одржи на крајот од мај поради пандемијата од коронавирус и дека е презакажан за во септември месец. Во тоа време требаше да се одржат АТП турнирите во Мец, Санкт Петерсбург, Ченгду, Софија и Жихај и ВТА турнирите во Гвангжу, Сеул, Токио и Вухан.

„Како и сите во светот на тенисот и нас не изненади објавата на Ролан Гарос. Ќе разговараме со АТП околу тоа какви опции ни се оставени“, изјави директорот на турнирот во Ченгду, Луис Карваљо. 

За потсетување АТП и ВТА донесоа заедничка одлука сите турнири до 7. јуни да бидат суспендирани.

Се вчитува...