Надал го растури Димитров, „колапс“ на Иснер… (ВИДЕО)

Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во финалето во Акапулко со победата над Бугаринот Григор Димитров за еден часа и 44 минути.

Надал повторно успеа да се пласира во финалето на овој турнир, откако потфрли минатата година и испадна во второто коло, сега славејќи против Димитров со убедливи 6-3,6-2.

 

Во финалето ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц кој го совлада сонародникот Џон Иснер по голем пресврт, со 2-6,7-5,6-3.

Младиот Американец имаше негатива од сет и брејк, а Иснер при водство од 1-0 во сетови и 4-2 во вториот сет имаше нови три врзани брејк топки, но следеше негов тотален „колапс“ и на крајот ги загуби вториот и третиот сет.

Се вчитува...