Надал лесно до полуфинале во Акапулко

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500 кој се игра во мексиканскиот Акапулко. Вториот рекет на светот во четвртфиналето беше подобар од Кореецот Сонво Квон со 2-0 по сетови 6-2 и 6-1.

Шпанецот во полуфиналето ќе се сретне со Григор Димитров од Бугарија кој беше подобар од Стен Вавринка со идентични 6-4 во двата сета.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Американците Тејлор Фриц и Џон Иснер.

Се вчитува...