Надал му се поклони на Ѓоковиќ – Ноле ти си класа (ФОТО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му се поклони на неговиот лут ривал на терените Новак Ѓоковиќ и уште еднаш покажа дека двајцата тенисери иако се ривали на теренот, пред се се големи како луѓе.

Шпанецот заедно со неговиот сонародни кошаркарот Пау Гасол ги повикаа сите спортисти во светот да се мобилизираат во борбата со коронавирусот. Еден од првите кој што се придружи на повикот на Надал, беше Новак Ѓоковиќ, за што популарниот Рафа му се заблагодари на Србинот.

„Голема благодарност до Новак Ѓоковиќ поради учеството во кампањата во борбата против пандемијата од коронавирусот. Ја покажа својата класа. Ти благодарам Ноле“, напиша Надал.  

Се вчитува...