Надал стигна до првата титула во 2020 година

Рафаел Надал стигна до својата прва АТП титула во 2020 година, триумфирајќи во финалето на турнирот во Акапулко.

Шпанецот повеќе од убедливо, за еден час и 15 минути игра, славеше во два сета со 6-3, 6-2 против Американецот Тејлор Фриц.

За Надал ова е вкупно 85-ти освоен АТП турнир во кариерата, заокружувајќи и трет освоен наслов во Акапулко.

Се вчитува...