Нагелсман нема веќе коронавирус, ќе го води Баерн со Бенфика

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман ќе може да биде на клупата на Баерн Минхен на дуелот од Лигата на шампионите со Бенфика, откако денеска добил негативен тест на коронавирус.

Тој веќе бил и во тренинг кампот на „Баварците“ каде што се во карантин пред вечерашниот меч. Самиот Нагелсман објави фотографија со стегната тупаница, алудирајќи дека е подготвен за „кам-бек“.

Нагелсман доби позитивен тестза време на гостувањето на Баерн во Португалија кај Бенфика, по што со приватен медицински авион беше донесен во Минхен и веднаш испратен во домашен карантин.

Се вчитува...