Најавени тимови за ЛШ: Милан со „крпен тим“ во Лондон, Модриќ се враќа кај Реал

Милан ќе биде сериозно ослабен за вечерашното гостување против Челси, меч на кој позитивен резултат широко би им ги отворил на „росонерите“ вратите кон нокаут фазата од Лигата на Шампионите. Тренерот Пиоли ќе има најголем проблем во одбранбената линија, каде му недостига голманот Мањан, потоа десните бекови Калабрија и Флоренци, како и стартниот лев бек Тео Хернандез. Од централните дефанзивци ќе недостига секогаш стабилниот Кјаер, додека во средниот ред Пиоли во тимот ќе ги нема ниту Салемакерс и Ибрахимовиќ, а крајно неизвесен е настапот на Месијас.

Лука Модриќ ги надмина проблемите со повредата на колкот и ќе биде во тимот на Реал Мадрид за вечерашниот дуел со Шахтјор. Без помошта на хрватскиот генијалец „кралевите“ викендов одиграа само 1-1 на домашен терен со Осасуна, а нема сомнеж дека неговиот камбек ќе му биде од голема помош на тренерот Анчелоти.

Анхел ди Марија, кој поради суспензија не настапи против Болоња во неделата, е сигурен стартер кај Јувентус на денешниот дуел со Макаби, меч на кој „старата дама“ не смее да киксне ако сака да си ги задржи ионака малите шанси за влез во нокаут фазата.

ГРУПА Е:

Салцбург – Динамо З.           18.45 часот

Салцбург: Кен, Дедиќ, Павловиќ, Вебер, Улмер, Сејвалд, Капалдо, Сучиќ, Кјергард, Окафор, Шешко.

Отсутни: Фернандо, Камери. Неизвесен: Мантл.

Динамо: Ливаковиќ, Мохарами, Ристовски, Шутало, Периќ, Љубичиќ, Адеми, Иванушец, Мишиќ, Оршиќ, Петковиќ.

Отсутни: Б. Шутало.

Челси – Милан

Челси: Кепа, Џејмс, Фофана, Силва, Кукурелја, Ковачиќ, Хаверц, Жоргињо (Лофтус Чик), Маунт, Стерлинг, Обамејанг.

Отсутни: Менди, Канте.

Милан: Татарушану, Дест, Калулу, Томори, Бало Туре, Бенасер, Тонали, Крунис, Де Кетеларе, Леао, Жиру.

Отсутни: Калабрија, Кјаер, Флоренци, Мањан, Салемакерс, Хернандез, Ибрахимовиќ. Неизвесни: Ориги, Месиас.

ГРУПА Ф

Лајпциг – Селтик                 18.45 часот

Лајпциг: Гулаши, Симакан, Гвардиол, Орбан, Халстенберг, Шлагер, Кампл, Собослаи, Вернер, Нкунку, Силва.

Отсутни: Олмо, Клостерман, Лајмер.

Селтик: Харт, Јурановиќ, Велш, Јенц, Тејлор, О’Рајли, Мекгрегор, Хатате, Маеда, Фурухаши, Жота.

Отсутни: Мој, Старфелт.

Реал М. – Шахтјор

Реал: Лунин, Карвахал, Милитао, Ридигер, Менди, Валверде, Чуамени, Модриќ, Родриго, Винисиус, Бензема.

Отсутни: Куртоа, Себалјос.

Шахтјор: Трубин, Тејлор, Бондар, Матвиенко, Коноплиа, Степаненко, Зубков, Бондаренко, Судаков, Сикан, Мудрик.

Отсутни: Корнијенко.

ГРУПА Г

Манчестер Сити – Копенхаген

Манчестер Сити: Едерсон, Кансело, Аканжи, Дијаз, Гомез, Гиндоган, Де Бруине, Силва, Марез, Фоден, Халанд.

Отсутни: Стоунс, Вокер.

Копенхаген: Рајан, Кристијансен, Хочолав, Вавро, Дикс, Лерагер, Јоханесон, Стамениќ, Дарами, Корнелиус, Клаесон.

Отсутни: Зека, Фалк, Амо, Боилесен.

Севилја – Борусија Д.

Севилја: Буну, Навас, Гудељ, Нианзу, Телес, Џордан, Фернандо, Дилејни, Ламела, Иско, Долберг.

Отсутни: Рекик, Маркао, Текатито.

Борусија Д.: Мајер, Муние, Зиле, Шлотербек, Гереиро, Белингам, Озкан, Азар, Брант, Мален, Адејеми.

Отсутни: Биноје Гитенс, Дау, Кобел, Мореј, Реина, Ројс.

ГРУПА Х

Бенфика – ПСЖ

Бенфика: Влаходимос, Бах, Отаменди, Силва, Грималдо, Флорентино, Фернандез, Нерес, Рафа Силва, Жоао Марио, Рамос.

Отсутни: Морато.

ПСЖ: Донарума, Рамос, Маркињос, Данило, Хакими, Верати, Руиз, Мендеш, Мбапе, Меси, Нејмар.

Отсути: Санчез, Кимпембе.

Јувентус – Макаби

Јувентус: Шчесни, Квадрадо, Бремер, Бонучи, Данило, Мекени, Паредес, Рабио, Костиќ, Ди Марија, Влаховиќ.

Отсутни: Киеза, Погба.

Макаби: Коен, Хазиза, Сундгрен, Батубинсика, Голдберг, Корнус, Шери, Лави, Фани, Пиерот, Давид.

Отсутни: Подгореану.

Се вчитува...