Најбрзиот гол во Купот на Италија: Шик погоди за 19 секунди, Рома лесно во четвртфинале (ВИДЕО)

Сосема очекувано Рома се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија славејќи во осминафиналната пресметка против Ентела убедливо со 4-0.

„Волчицата“ поведе со најбрзиот гол во Купот на Италија. Шик успеа да погоди по само 19 секунди од стартот на мечот…

 

На 2-0 зголеми Иван Марчано во 45. минута, а во вториот дел Шик и Пасторе погодија за конечни 4-0.

Претходно и Аталанта обезбеди место во четвртфиналето по победата над Каљари од 0-2 на гостински терен.

Со тоа познати се сите осум четвртфиналисти во Купот на Италија: Лацио, Интер, Милан, Јувентус, Фиорентина, Наполи, Аталанта и Рома.

Се вчитува...