Најдобро полувреме во кариерата на Роналдо: Хет-трик и две асистенции за 45 минути игра

Кристијано Роналдо го одигра најдоброто полувреме во својата кариера на гостувањето ан Ал Наср против Абха, меч на кој тимот на Кристијано по 45 минути игра има водство од 0-5, а во главна улога е токму Португалецот.

Дуелот почна со два еврогола на Роналдо од слободен удар за дваесетина минути, а Португалецот го продолжи своето шоу со трет прекрасен погодок, овојпат со лоб удар од околу 25 метри, за вкупно 65. хет-трик во кариерата на Кристијано.

Згора на тоа, големиот ас асистираше и при останатите два гола за Ал Наср што ги постигнаа Садио Мане и Ал Сулаихем, за заокружување на овие неверојатни 45 минути за Кристијано Роналдо.

Се вчитува...