Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих важи за еден од најголемите антиваксери во светскиот фудбал, но асот на Баерн Минхен во изминатиот период се премисли и реши конечно да се вакцинира од коронавирус. Тој неодамна беше позитивен на Covid-19, по што доби и дополнително воспаление на белите дробови, поради што нема да може да се врати на терените до крајот на годинава.
Кимих одлуката ќе ја соопшти преку интервју за германската телевизија „ЗДФ“ кое веќе е снимено и ќе биде емитувано попладнево. Германските медиуми дознаа дека главна тема ќе биде токму вакцинацијата на фудбалерот.
„Ми беше многу тешко да ги надминав стравовите и грижите, поради што долго бев неодлучен на оваа тема. Сепак, донесов одлука дека ќе се вакцинирам“, истакнал Кимих во интервјуто за ЗДФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА