Најлудиот трансфер-рок во историјата – Победници ПСЖ, Јунајтед и Челси, губитници…

На полноќ заврши веројатно најлудиот трансфер рок во историјата на фудбалот. Голем дел од најголемите фудбалски ѕвезди го променија клубот, меѓу кои и најдобрите на денешницата Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Дефинитивно најголем победник летово е Пари Сен Жермен, кој покрај Меси во своите редови успеа да ги доведе и Серхио Рамос, Џорџино Вајналдум, Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими…

Одлична работа заврши и Манчестер јунајтед кој го врати на „Олд трафорд“ Кристијано Роналдо, а ги доведе и Рафаел Варан и Џејдон Санчо.

Челси повторно заврши одличен трансфер период во кој на неверојатниот млад тим кој славеше во Лигата на шампионите им ги додаде и Ромелу Лукаку и Саул Нигуез.

Атлетико Мадрид направи полн погодок со враќањето на Гризман на последниот ден, а тука се и Матеуш Куња Родриго де Паул.

Еден од најголемите губитници овој трансфер рок е Манчестер сити кој и покрај тоа што го донесе Џек Грилиш, сепак остана покус за шпиц играч откако прво не го договори Хари Кејн, а потоа ја загуби и директната битка за Кристијано Роналдо од градскиот ривал.

Барселона иако донесе многу нови засилувања не може да биде задоволна од летото. Прво го загуби за без пари Лионел Меси, а во последниот ден го пуштија и Антоан Гризман. Иако донесоа засилувања како Мемфис Депај, Лук де Јонг и Кун Агуеро… сепак тоа не се фудбалери кои што на достоен начин може да ја заменат оваа двојка.

Јувентус кој го загуби Кристијано Роналдо исто така не доведе значајни засилувања, па борбата за „скудетото“ ќе мора да ја водат Мануел Локатели кој го доведоа да им помогне на Дибала, Киеза и Мората.

 

 

Се вчитува...