Наполи им се придружи на Јуве, Милан, Интер, Лацио….

Наполи без проблеми се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија победувајќи во осминафиналната пресметка против Сасуоло со 2-0.

Победата на домашните ја најави Милик во 15. минута, а конечните 2-0 ги заокружи Руиз со погодокот во 74. минута.

Наполитанците на тој начин им се придружија на Милан, Лацио, Јувентус, Интер, Фиорентина кои претходно обезбедија место меѓу осумте најдобри екипи во најмасовното клупско натпреварување во Италија.

Се вчитува...