Наполи ќе се откаже од Елмас само за богатство – Позната откупната клаузула на „Дијамантот“

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас е еден од најдобрите фудбалери на Наполи во досегашниот дел од сезоната во италијанската Серија А. Наполитанците се први на табелата во калчолигата, а Елмас е трет стрелец на клубот со пет гола веднаш зад Осимен и Квараскелија.

Тимот од Неапол му ставил откупна клаузула на македонскиот дијамант Елиф Елмас во висина од 50 милиони евра и само под тој услов одличниот играч за врска би го напуштил тимот во летниот преоден рок.

Италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“, открил од извори блиски до клубот колкава е цената на македонскиот репрезентативец.

„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи и има нова цена од 50 милиони евра и никој не сака да чуе да чуе да биде продаден за помалку“, изјави Модуњо. 

Се вчитува...