Наполи одби понуда за фудбалските анали

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за италијанските медиуми изјави дека уште еднаш одбил сериозна понуда за Калиду Кулибали.

Одличниот стопер веќе подолго време е на мета на неколку големи европски клубови, а Лаурентис призна дека неговата цена стигнала и до 105 милиони евра. Таа е последната понуда која стигнала до клубот, но првиот човек на Наполи ја одбил. Да била прифатена, 27-годишниот Сенегалец би бил најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Моменталниот рекорд на фудбалер од одбраната е на Ван Дијк, кој од Саутемптон во Ливерпул се пресели за сума од 78,8 милиони евра.

„Ние сме клуб кој е во состојба да развива млади фудбалери и да ги задржи на подолг период. Одбивме 105 милиони евра за Кулибали. Но, ние сме среќни што со тие понуди ни потврдуваат дека имаме врвен фудбалер во нашите редови“ – вели Де Лаурентис кој не сакаше да открие кој е клубот со таа понуда, но извесно е дека се работи за Манчестер сити.

Се вчитува...