Милик си замина од Наполи, следна дестинација – Франција

Аркадиуш Милик ќе биде нов играч на Олимпик Марсеј. Францускиот клуб и Наполи и официјално постигнале договор вреден почетни осум милиони евра, плус пет милиони евра доколку бидат активирани неколку клаузули.

Полскиот напаѓач веќе имаше постигнато договор за личните услови па сега останува само комплетирање на документацијата и вообичаените лекарски прегледи, а потоа и негово претставување на „Велодром“. Милик имаше само уште шест месеци од договорот со Наполи, па италијанскиот клуб го фати „последниот воз“ да заработи барем нешто од неговиот трансфер, избегнувајќи тој летово да си замине без никаква отштета.

Атлетико Мадрид и Јувентус во изминатиот период покажаа интерес за Полјакот, но тој на крајот сепак ќе се пресели во францускиот шампионат.

Се вчитува...