Наполи сигурен, Милан шокиран, Пандев повторно на клупа кај Џенова

Наполи ја продолжува битката со Јувентус за првото место во Серија А, триумфирајќи минимално но значајно со 1-0 против СПАЛ во 17. коло.

Триумфот на „наполитанците“ дојде благодарение на Албиол во 45. минута од средбата…

Милан, пак, по двете претходни ремија доживеа уште еден шок овој пат со пораз пред своите навивачи од Фиорентина.

Тимот од Фиренца славеше минимално со 0-1 со погодокот на Киеза во 73. минута од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев повторно остана само на клупата за резервни фудбалери во триумфот на Џенова од 3-1 против Аталанта. Џенова до победата дојде со головите на Пјатек во два наврати и Лазовиќ, а стрелец на единствениот гол за Аталанта беше Запата.

РЕЗУЛТАТИ – 17. КОЛО

Милан – Фиорентина 0-1

Емполи – Сампдорија 3-4

Џенова – Аталанта 3-1

Наполи – СПАЛ 1-0

Сасуоло – Торино 1-1

Удинезе – Фросиноне 1-1

Киево – Интер (18 ч.)

Парма – Болоња (18 ч.)

Јувентус – Рома (20:30 ч.)

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...