„Наполитанците“ во еден глас: Сите ние сме Кулибали

Навивачите на Наполи покренаа акција против расизмот во италијанскиот фудбал, јавно изразувајќи му поддршка на својот миленик Калиду Кулибали, кој беше навредуван за време на дербито против Интер во Милано.

На денешниот дуел со Болоња на сите трибини од стадионот „Сао Паоло“ илјадници фанови се појавија со картонски слики од Кулибали и порака „Сите ние сме Кулибали“, посочувајќи дека е време за посериозна битка со расизмот.

NAPLES, ITALY – DECEMBER 29: SSC Napoli supporters show their support to Kalidou Koulibaly before the Serie A match between SSC Napoli and Bologna FC at Stadio San Paolo on December 29, 2018 in Naples, Italy. (Photo by Francesco Pecoraro/Getty Images)

Интер е казнет со играње на две средби пред празни трибини, што според поголемиот дел од италијанската јавност е несоодветна санкција ако се знае дека и самиот Кулибали доби казна од два натпревари поради црвениот картон добиен на натпреварот на кој повеќе од еден час беше навредуван на расистичка основа пред да ги загуби нервите.

Се вчитува...