Вимблдон во следните 48 часа ќе биде откажан, пренесуваат британските медиуми. Во тек е серија на состаноци на кои ќе се одлучи дали Вимблдон годинава ќе биде одржан, но засега делува неизбежно дека прв пат во Втората светска војна нема да се игра во „Ол ингланд“ клубот.
По програмата неофицијалното светско првенство во тенис треба да почне на 29. јуни, но поради пандемијата од Ковид-19 тоа најверојатно нема да се случи.
Од „Ол ингланд“ клубот се уверени дека ќе можат да им ги вратат парите на сите кои купиле карти за годинашното издание, а покрај Вимблдон ќе биде откажана и целата сезона на трева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА