Првото коло од Суперлигата ќе биде комплетирано денеска во СРЦ „Кале“ каде од 19 часот ТФТ го пречекува МЗТ Скопје во значаен натпревар за пласман меѓу најдобрите четири тима, кој воедно ќе претставува и реваш меч од финалето во Купот на Македонија.
Натпреварите на „црно-белите“ и „сино-белите“ оваа сезона ни донесоа неколку интересни средби кои во лигашкиот дел му припаднаа на составот од Аеродром, но тимот од Тафталиџe беше оној кој се радуваше на трофејот по големото финале.
Во пресрет на победничката фаза од Првата лига двата тима ги засилија своите тимови со едни од најдобрите странци во првенството. Двејн Морган од Феникс 2010 премина во ТФТ, додека Бре Ајви од Академија ФМП во МЗТ Скопје па ќе биде интересно да видиме како двајцата ќе се вклопат во новите средини.
Покрај овој натпревар денеска ќе биде започне и второто коло од плеј-аутот со средбите помеѓу Академија ФМП и МЗТ Скопје 2, односно Куманово и Ангели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА