Натпревар на колото во Аеродром: МЗТ Скопје и Пелистер ќе се борат за врвот на табелата

Суперлигашките возбудувања продолжуваат денеска со натпреварот на 5. коло помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот. Двата тима веќе се „чекираа“ во полуфиналето, но исходот од истиот е од големо значење за предност од домашен терен во плејофот.

Аеродромци во него влегуваат на крилја на убедливата победа над Гостивар и целат кон продолжување на серијата од три победи едно по друго, додека Пелистер кој се рехабилитираше од поразот од Гостивар со победа над Еуро Никел ќе цели кон влез во нова победничка серија.

Овие два тима одиграа три меѓусебни натпревари оваа сезона во кои Пелистер забележа две победи, а МЗТ Скопје една. Битолчани ги добија двата домашни натпревари, во првиот се намачија против „десеткуваните“ аеродромци, а во последниот постигнаа 19 тројки, додека „сино-белите“ беа убедливи во АБА-лигата.

Но, од последниот натпревар помеѓу „сино-белите“ и „зелено-белите“ многу работи се променети. МЗТ Скопје во натпреварот влегува со нов тренер, Војдан Стојановски и Бре Ајви, додека Пелистер нема да може да смета на Бојан Трајковски, а ќе ја има поддршката од Стефан Крстајиќ.

На денешниот натпревар се очекува и одлична атмосфера на трибините со две навивачки групи па ќе биде интересно да го проследиме дербито во салата во Аеродром.

Се вчитува...