Наумовски пред враќање во Динамо Букурешт!?

Македонскиот голман Кристијан Наумовски е пред можност за враќање во редовите на романскиот Динамо Букурешт.

Чуварот на мрежата на Шкупи е пред разделба со чаирскиот прволигаш, и можно враќање во Динамо Букурешт каде бранеше од 2010 до 2014 година.

32-годишниот Наумовски во романскиот клуб се пресели по настапите за Работнички. Во својата кариера досега бил дел и од Левски Софија, како и Биркиркара и Балзан во Малта.

Се вчитува...