Навивачи на Ливерпул ќе ја тужат УЕФА

Навивачите на англискиот премиер-лигаш Ливерпул ќе поднесат заедничка тужба против Европската фудбалска унија (УЕФА). 1800 навивачи на „црвените“ ќе ја тужат „Куќата на фудбалот“ поради проблеми кои се случија пред финалето од Лигата на шампионите нивниот клуб и Реал Мадрид.

УЕФА го одложи почетокот на финалето за 35 минути поради „безбедносни проблеми“ со навивачите, кои беа предмет на полициска акција и беа злоупотребени од француската полиција додека чекаа да влезат на стадионот. Навивачите планираат да ја тужат УЕФА за прекршување на договорот за продажба на билети и невнимание во обезбедувањето на безбедноста на гледачите.

За потсетување Реал Мадрид го доби овој натпревар со 1-0 и стигна до 14. титула во елитното натпреварување.

Се вчитува...