Не е се во парите: Шведски ас одби гиганти за да се врати во клубот од детството

Шведскиот ракометен репрезентативец Џим Готфридсон изненади многумина со одлуката, од бројните понуди на маса да заигра во втората шведска лига и да го облече дресот на ИФК Јиштад.

Готфридсон минатата сезона го раксина договорот со Пик Сегед, по што летово имаше опција да се пресели во тимови кои ќе бидат дел од Лигата на Шампионите. Одличниот бек не само што не го стори тоа, туку се реши за камбек во татковината и тоа во тим што не е дел од елитното друштво.

Причината е целосно емотивна – ИФК Јиштад е првиот клуб во кариерата на Готфридсон, таму мина една сезона (2010/11), па шведскиот бомбардер  сега реши да се врати онаму каде што ја почна својата ракометна приказна.

„Добив толку многу одлични понуди од Шведска, Данска, Германија… Горд сум и благодарен на сите што покажаа интерес, но штом ми се укажа можност да се вратам назад дома во ИФК Јиштад, знаев дека тоа е единствената опција за мене. Ова е клубот каде што почна се, а сега ќе имам можност токму тука да ги испишам новите страници в мојата кариера“, изјави Готфридсон.

Се вчитува...