Не е сериозно: Нејмар се враќа на почетокот од 2021 година

Нејмар вчера заработи тешка повреда на мечот против Олимпик Лион, кој Пари Сен Жермен го загуби со 0-1. По денешните медицински прегледи било откриено дека Нејмар нема скршеница на зглобот и поради тоа ќе се врати порано на теренот, односно ќе паузира само неколку недели, пренесува францускиот Л’Екип. .

Од францускиот шампион очекуваат тој да биде подготвен за мечот од Купот на Франција против Олимпик Марсеј кој ќе се игра на 13. јануари.

Одлична информација за Пари Сен Жермен е тоа што доколку тој се врати уште на почетокот на јануари ќе биде целосно подготвен за осминафиналниот двомеч против Барселона кој е закажан за во февраури.

Се вчитува...