Нејмар доби одмор, Кеан со еврогол донесе победа

Томас Тухел одмори дел од првотимците за клучниот меч од ЛШ против Башакшехир, но ПСЖ и без помошта на Нејмар, Маркињос, Верати… сепак успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Монпелје.

Првото полувреме заврши 1-1, а клучен момент беше фантастичниот погодок на Моисес Кеан, кој со извонреден удар го матираше домашниот голман и донесе предност од 1-2. Младиот Италијанец потоа му го препушти своето место на теренот на Килијан Мбапе, а францускиот репрезентативец во 90. минута стави печат на триумфот, со својот јубилеен 100. гол во дресот на ПСЖ.

„Светците“ со овој триумф повторно имаат четири бода предност во однос на второпласираниот Олимпик, но тимот од Марсеј има одиграно и два меча помалку од актуелниот првак.

Се вчитува...