Нејмар ги реши дилемите: Пресреќен сум, сакам да останам

На трансфер сагата за заминување на Нејмар од „Паркот на Прицивите“ и дојде крајот откако бразилскиот интернационалец ги реши сите дилеми за можен трансфер. Како следна дестинација на напаѓачот се споменуваше Барселона и повторно соединување со Меси, но финансиските проблеми кај каталонскиот состав ги променија плановите, па сега поверојатна е опцијата Аргентинецот да пристигне во Париз.

Покрај тоа Бразилецот ја истакна и својата желба за моќен ПСЖ со што францускиот клуб треба да се вивне на врвот на Европа…

„Јас сум среќен, навистина сум среќен. Не можам да објаснам зошто, но ситуацијата се промени. Се осеќам добро, прифатен сум опуштен сум и среќен. Сакам да останам во ПСЖ. Сакам да остане и Килијан Мбапе, сакам ПСЖ да биде моќен клуб. Сакам да продолжиме да играме фудбал и да продолжам да бидам среќен, а тоа е најважно“ – изјави Нејмар.

 

 

Се вчитува...