Нејмар размислува да си оди од ПСЖ!

ПСЖ се надева дека Мбапе ќе прифати нов „мега“ договор, односно понуда за останување во ПСЖ, а од друга страна, паралелно тие преговараат и со Нејмар за неговата иднина во францускиот клуб.

Сепак, во игра за бразилскиот напаѓач влегува и Барселона, која може да го врати Нејмар со назначување на нов претседател кој ќе го презеде каталонскиот клуб, а кој преку враќањето на „Неј“ ќе обезбеди и безбеден „престој“ на Меси во Барса.

Нејмар нема ниту жеба, ниту амбиција во ПСЖ за продолжување на кариерата, а во слична ситуација се наоѓа и Меси. Тие двајца не кријат дека сакаат да играат повторно заедно, па доколку се најде клуб кој ќе ги „спои“ двете ѕвезди, тогаш мотивацијата за нови титули кај Лео и Нејмар би била загарантирана.

Најпознатиот француски весник „Л’Екип“, тврди дека претседателот на ПСЖ, Ал-Келаифи веќе им рекол на заинтересираните клубови, цената на Нејмар е 100 милиони евра. Во времето пред корона пандемијата, оваа цифра не изгледаше голема и недостижна, но сега работите се променија, здравствената криза ја испразни касата и предизвика економски „колапс“ во светот на спортот.

Останува да видиме што ќе се случува, јасно е дека Нејмар е на продажба, но неговата цена е таква што речиси и да нема клуб кој во ова „време – невреме“ може да ја плати, пишува „Л’Екип“.

Се вчитува...