Нејмар се договори – уште четири години во ПСЖ

ПСЖ реши едно исклучително значајно прашање успевајќи да ги договори условите за продолжување на соработката со Нејмар. Бразилецот пред две лета инсистираше на трансфер во Барселона, „светците“ не му дозволија и влегоа во војна со него, но ситуацијата во меѓувреме целосно се промени.

Каталонскиот гигант се соочува со огромни финансиски проблеми и нема моќ за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ поради што бразилскиот голгетер седна на маса со челниците на ПСЖ и начелно ги договори условите за продолжување на соработката. Деталите не се соопштуваат во јавноста, но и француските и бразилските медиуми обелоденија дека е постигнат целосен договор, Нејмар ќе остане во ПСЖ најмалку до јуни 2024 година.

По решавањето на сите дилеми со Нејмар, сега „светците“ ќе се насочат кон потпишување на нов договор со Килијан Мбапе. Актуелниот договор на францускиот голгетер истекува на крајот од следната сезона, па ПСЖ мора што поскоро да ја продолжи соработката, или летово да го продаде за да не ризикува тој потоа да си замине како слободен играч.

Воедно, „светците“ остануваат фаворити во трката за ангажман на Лео Меси од Барселона, а подготвуваат и понуда за како слободен играч да го донесат капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Се вчитува...